Дете на возраст од четири години се бори за живот во болница во Софија, откако било полиено со бензин и запалено, јавуваат бугарските медиуми.
Според првите информации овој ужасен настан се случил попладнево, а наводно го предизвикал таткото на детето кое има 80 отсто изгореници по телото и е во многу тешка состојба.
„Детето кое денеска беше повредено во ромското маало во Благоевград е во критична состојба, во животна опасност“.
Ова на вонреден брифинг го соопшти директорот на УМБАЛСМ „Пирогов“, д-р Валентин Димитров, јави репортерот на БГНЕС.
„Во 17 часот и 15 минути кај нас дојде детето со тешки изгореници. Веднаш беше сместено во шок соба. Во моментов колегите работат и се под притисок. Детето е во критична состојба и животот му е во опасност. “ додаде д-р Димитров.
Четиригодишното дете, кое беше полиено со бензин и запалено од Благоевград итно било пренесено во Софија, каде што е сместено заедно со неговата мајка.
Дојавата за тешко повреденото дете дошла нешто пред 17 часот. Најверојатно се работи за инцидент каде децата биле оставени без надзор.
Мајката на детето првично во полиција рекла дека таткото го запалил детето за да ги заштити другите деца, а таа самата била во шок. Таа објасни дека не живее со таткото на детето.
Мајката и таткото на детето се на распит за да се утврдат причините кои довеле до инцидентот, пишуваат бугарските медиуми.