(ФОТО) Се бара Беким Мемети, осуденикот од „Идризово“- распишана е меѓународна потерница

„Мемети Беким роден 30.01.1986 година во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ“.

Ова е содржината на меѓународната потерница што ја распиша МВР за бегалецот од Идризово кој исчезна додека затворската полиција го спроведувала на лекарски преглед.

Осуденикот требало да лежи во затвор 21 година од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Advertisements

Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година.

Според Управата за извршување на санкции „Синоќа околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза” поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка „ауди“ со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот

. Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот.

Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди“, соопштуваат од Управата.