Во Полициската станица Аеродром, 20-годишна девојка од Скопје пријавила дека таа и 20-годишник од Куманово биле измамени од едно женско лице за сума од 12.576 денари.
Според пријавеното, тие стапиле во контакт со лицето, кое им понудило да им посредува за добивање работни места во Германија, а за што побарала надомест.
„Како што е пријавено, во неколку наврати ги уплатиле парите на сметка во банка и откако ја информирале дека нема веќе да пуштаат пари додека не потпишат договор, лицето го прекинало контактот и не им ги вратило парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
ВИДЕО „Голем ризик е спојувањето на безбедносните структури“ - Филипче се сретна со Сиљано...
Левица бара кривична одговорност за инспектор кој замижува пред дивоградба среде чаршијата...
ЕУ му подари шест еколошки автобуси на ЈСП
ВМРО-ДПМНЕ: „Во СДСМ ништо не е сменето - заменичката на Филипче е продолжена рака на Заев...
СДСМ: Неодговорна и штетна е одлуката на Владата да ги намали парите за борба против загад...