Меџити: Османи и Груби беа последните војници на Груевски

Османи и Груби беа последните војници на Никола Груевски, вели потпретседателот на ДУИ и пратеник Изет Меџити, во интервју за Радио Слободна Европа.

„Токму „огннените“ бевме еден од клучните фактори кога ДУИ требаше да се отцепи од Груевски, да се ориентира за нова коалиција со Зоран Заев, да се промени името, да бидеме дел од НАТО, и тогаш, случајно или не, дебатата внатре беше про и контра, јас и овие двајца, Артан Груби и Бујар Османи“, вели во интервјуто Меџити.

Тој посочува дека неговиот политички сојузник, пратеникот Кастриот Реџепи, ја спасил оваа Влада, иако имале и имаат многу забелешки и критики за нејзината работа, но тоа го направиле поради нејзнината стратешка ориентација.

Advertisements

Запрашан што му пречи најмногу кај Артан Груби, Изет Меџити вели дека е чудно што од многу близок на владата на Никола Груевски, сега е многу близок до концептот на оваа Влада.

„Мене не ми пречи(Груби н.з.), проблемот е во тоа што во овие две години наместо да биде чувар на ориентационите политики на ДУИ и програмата на ДУИ, ние доаѓаме до констатација дека програмата со која сме ги добиле овие избори е заборавена, во однос на реализација потфрлува и имам чувство дека е заборавен Рамковниот договор или дека е трампан за мултикултурализам или пак за граѓанско општество, чудно е што од многу близок до поранешната влада на Груевски, сега испаѓа дека е многу близок до концептот и на оваа другата влада, а заборавам на тоа што е устав за Демократската унија за интеграција, а тоа е Рамковниот договор, тој е причината што ДУИ во овие 20 години е победник и што е сработено во овие 20 години“, вели Меџити