Мендух Тачи и Сашо Мијалков се прогласени за виновни во судскиот предмет „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности, одлучи денеска Кривичниот суд – Скопје.
Лидерот на ДПА е осуден на затворска казна во траење од две години како и поранешниот директор на УБК.
Истата затворска казна им беше изречена и на обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.
„Титаник 2“ е предмет поврзан со гласање во ДИК, а по приговор на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година.
Затворските казни денеска се изречени по повторно судење затоа што Апелацискиот суд ги укина првоизречените пресуди.
Со првостепената пресуда, претходно Мијалков доби 3 години затвор, а на 3 години и 2 месеци беше осуден Мендух Тачи.