Министерството за надворешни вработи(МНР) со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатира дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи, напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји, се вели во соопштението од министерството.
МНР посочува дека иако повикувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и редовна дипломатска пракса, воедно изразувајќи жалење за ваквиот чекор кој смета дека е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален.
„Република Северна Македонија покажа силен демократски и институционален капацитет и низ брза и ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи ги и приведувајќи сторител на кривичното дело, против кого активно се водат истражни дејствија“, велат од МНР.
Министерството потседува дека преку своите изјави на највисоко ниво, Претседателот на државата, Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи го осудиле инцидентот, а Министерот дополнително оствари итна посета на Софија, вклучувајќи посета и на повредениот со цел јасно да ја демонстрира одлучноста на државните органи во обезбедување правна сигурност, безбедност и одржлив јавен ред.
„Во периодот што следи остануваме внимателно да ги следиме сите изјави и постапки на официјална Софија, очекувајќи смирување на страстите и отстранување на провокациите, со цел повторно враќање на дипломатските активности, на приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн., кои се во насока на зачувување и унапредување на добрососедските односи“, се вели во официјалната реакција на МНР по повод последните случува во односите помеѓу Македонија и Бугарија.