„Србија ќе сфати дека е измамена љубовница. Русија пробува нешто со Украина и ќе мора да го признае Косово. Србија и пречи на Русија. Србија ќе мора на некој начин да го признае Косово, а тоа нема да им се допадне“, изјави претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ по средбата со својата колешка од Словенија, Наташа Пирц-Мусар, пренесува Večernji list.
Зрувајќи за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе мора внимателно да ја проучи изјавата на Милановиќ за Косово, хрватскиот претседател вели дека сè уште не се слушнале.
„Не сум се слушнал со Вучиќ. Добро е што сфати дека мора прво да ја проучи мојата изјава, бидејќи очигледно не реагираше на првата. Мојата порака до тимот во Србија… Туѓман рече дека Косово е внатрешна работа на Србија. Тоа одамна не е внатрешна работа на Србија. Затоа, на српските таблоиди им порачувам „без воодушевување, ве молам“. Сакам Србија да ја види својата западна перспектива. Србија остана без Косово. Таа остана без него во војната. Косово е признаено. Одам наоколу и им кажувам на другите да го признаат Косово. За да дојде Србија на Запад, некои работи мора да се сменат“, изјави Милановиќ, притоа дополнувајќи дека американскиот план за Косово е добар.