(ФОТО) ОМО Илинден Пирин бара да се најдат сторителите што го каменуваа македонскиот клуб во Благоевград

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин бара полицијата да го истражи демолирањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ во Благоевград кое се случило синоќа при што биле фрлени камења и е искршено надворешното стакло.

„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе истражи овој пат и нема да одбие? Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот на свој начин. Се надевам дека беше за безбедност, а не само за следење на доаѓањето. А има од каде да почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој истовремено беше во Благоевград со цела банда аверис“, се вели во реакцијата на ОМО Илинден Пирин објавена на нивната фејсбук страница.