(ДРАМАТИЧНО ВИДЕО) Снимен моментот кога се урива зграда во Турција – преплашени луѓе бегаат во паника

Два разорни земјотреси денеска ја погодија Турција, но беа почувствувани и во неколку земји, најсилниот во Сирија.

Спасувачите од утрово се на терен и се обидуваат да ги извлечат луѓето кои во голема мера се затрупани во урнатините. Бројот на жртви и повредени од час во час се зголемува и изнесува повеќе од 1.500. Во меѓувреме, се појави видео од Санилурфа, Турција, на кое се гледа како зграда се урива и како луѓе се обидуваат да избегат.

Првиот земјотрес што ја погоди пограничната област меѓу Турција и Сирија беше разорен и се случи рано утринава и беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Advertisements

Турските медиуми јавуваат дека земјотресот го погодил југоисточниот дел на земјата, додека државните медиуми во Сирија наведуваат дека е погоден и главниот град Дамаск.