Трагедија во Куманово – во пожар загина таткото, синовите итно пренесени во болница

Кумановец на 69 години почина откако им подлегнал на повредите здобиени по вчерашниот пожар во неговата куќа, соопштија денеска од кумановската полиција.

Според полицискиот извештај, вчера во 16:55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата Сава Ковачевиќ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М. од Куманово.

„Со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош, информираше полицијата.

Advertisements

Пожарот го изгаснала кумановската противпожарна единица. Регионалниот центар за управување со кризи информира дека на пожарот интервенирале четворица пожарникари со противпожарно возило од 16.50 до 18.45 часот.

Општата болница Куманово за тековната година планира набавка на современа апаратура со која дополнително ќе се обезбеди поквалитетна здравствена услуга за пациентите од Куманово и соседните општини.

РЦУК Куманово пренесува информација од Станицата за итна медицинска помош Куманово кои, исто така, интервенирале на пожарот во кој едно лице со тешки телесни повреди по укажаната помош во Куманово е пренесено за Скопје, другото е задржано на хирургија во кумановската болница.