Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците производители на полјоделски култури дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенциите за полјоделски култури.
Од министерството информираат дека исплатена е финасиска поддршка од 422,4 милиони денари за над 24.000 корисници.
Како корисници на финасиската поддршка се јавуваат земјоделските стопанства кои во 2021/2022 година имаат засеани и ожнеани површини со полјоделски култури. Висината на поддршката изнесува 6000 денари по хектар, освен за сончоглед и афион каде поддршката изнесува 8000 денари по хектар и поддршката за ориз која изнесува 18.000 денари по хектар.