Реакција – Боки 13 е мета на невидена тортура, од болничка постела пак е вратен во Идризово

Правниот тим на Бојан Јовановски со прекар Боки 13 денеска извести дека тој од болничко лекување повторно е вратен во затворот „Идризово“ во пред канцерогена состојба.

„Ваквото постапување е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекуваа Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи. Во нив јасно стои дека без прекин на казната, услови за лекување на метаплазието на желудник не може да се спроведе во пенални услови, а со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа“, се вели во соопштението од адвокатскиот тим на Јовановски.

 За предканцерогената состојба на Јовановски, доставена е и медицинска документација – хистопатолошки наод од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје каде се констатира дека нодот одговара за хроничен гастритис со фокуси на интестинална метаплазија“.

Advertisements

 „Од медицинската документација, јасно стои„доколку не се спроведат дадените препораки за понатамошно лекување на пациентот исклучиво и единствено во задолжителни домашни услови, согласно сето погоренаведено ќе настанат трајни последици по животот и здравјето на пациентот. Наодот е реферириран на стручен колегиум на ЈЗУ УК св. Наум Охридски и стручниот колегиум  е едногласно согласен за дадените препораки и упатство за понатамошно лекување“. И од Клиниката за дигестивна хирургија е посочено„Се придржуваме кон препораките издадени од колегите од  ЈЗУ УК св. Наум Охридски, со оглед на фактот дека пациентот таму е опериран и лекуван и од ЈЗУ за Гастроентерохепатолигија каде што е прегледуван и иследуван“, се вели во информацијата.

 Јовановски веќе алармираше, како што вели правниот тим, дека е„ мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје“.

„Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот. Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше“, вели правниот тим на Јовановски.