Хрватската пошта не одобри изработка на комеморативна марка со ликот на Јосип Броз Тито на барање на Здружението на антифашистички борци и антифашисти (САБА) и Здружението на друштвата на Јосип Броз Тито од Хрватска, пишува Индекс. Годинава навршуваат 130 годиниод раѓањето на маршалот.
Печатот со ликот на Тито требало да биде во употреба само во поштата на улицата Јуришиќева во Загреб и тоа само на еден ден како еден гест да се заокружи изложбата на филатерија во просториите на Здружението на Антифашистите.
Според хрватската пошта антифашистите доцнеле со идејата за марката, бидејќи комеморативната поштенска марка се прави по повод годишнина на датумот или месецот кога некој е роден или годишнината од настанот на одреден датум.
„Со оглед на тоа што годишнината од раѓањето на Јосип Броз Тито беше во мај, а не во декември, предлагачите доцнеа со барањето“, соопштуваат од поштата.
Од здружението САБА наведуваат дека се обиделе да објаснат дека 130-годишнината од раѓањето на Тито се одбележува цела година, а не само еден месец, а дека марката ќе се користи само еден ден.
Претседателот на САБА, Фрањо Хабулин, не верува дека одбивањето на Хрватска пошта има политичка заднина, но дека можеби има други причини.
Коментирајќи го фактот што Хрватска пошта издаде комеморативна разгледница по повод 20-годишнината од фестивалот „Квир“ во Загреб, Хабулин рече дека не е сигурен дека хомосексуалците и партизаните се подеднакво добредојдени во Загреб.
– Модерно е да се повикуваме на човековите права и соодветно на тоа тие полесно го одобрија барањето на ЛГБТ заедницата отколку барањето за трговска марка за изложбата на поштенски марки со ликот на Јосип Броз Тито – додаде Хабулин.
Тој оцени дека „алтернативно“ објаснување за одбивањето би можело да биде саботажата на загрепската пошта на улицата Јуришиќева во 1941 година, која ја извршиле загрепските комунисти и антифашисти, при што убиле усташки полицаец и раниле пет усташки агенти и двајца германски војници и офицер.
– Еве, еве ти сега… Ти ја разнесе поштата, сега нема да ти дадеме печат – додаде Хабулин.
Претседателот на Здруженијата на Јосип Броз Тито во Хрватска, Јован Вејновиќ, изјави дека одбивањето не го изненадува, додавајќи дека е свесен за социјалната атмосфера во Хрватска.
– Тоа можеби не е ставот на многу луѓе кои работат во Хрватска пошта. Тоа е ставот што им беше соопштен, а Поштата, во согласност со општите општествени текови, „логично“ мораше да го прифати – додаде Вејновиќ.