Браво маестро, вака се сака Македонија – што одговори Симон Трпчевски кога му ја спомнаа Северна?

Апсолутно сум горд на тоа што сум од Македонија и што потекнувам од скромно семејство, со нозете сум цврсто на земја и никогаш не сум заборавил кој сум, што сум и од каде потекнувам, вели нашиот пијанист со светска слава Симон Трпчески во интервју за црногорскиот весник „Вијести“.

Трпчевски оргинален и скромен како и секогаш на прашање на новинарот од црногорскиот весник „колку му е тешко на еден талентиран музичар од мала земја каква што е Северна Македонија да се пробие на светската сцена?, даде маестрален одговор:

Advertisements

„Македонија, никогаш нема да користам одредници како северна, јужна, западна пред името, затоа што мислам дека тоа е прашање на политика. Македонија е мала земја како Црна Гора и вистинско чудо е човек од толку мала држава да успее да ги досегне височините. Апсолутно сум горд на тоа што сум од Македонија и што потекнувам од скромно семејство, со нозете сум цврсто на земја и никогаш не сум заборавил кој сум, што сум и од каде потекнувам. Мислам дека тоа е успех на една личност. Секој има право на надеж и треба да се бори. Татко ми секогаш велеше дека животот е борба“, вели Трпчевски.

Тој понатаму во интервјуто вели дека неговиот успех се должи, пред сè, на неговото семејство, кое секогаш го поддржувало.

„Имавме исклучително лоши услови за живот, па дадоа повеќе од што можеа за да имам можности и шанси. Им должам и на моите професори, кои несебично ми дадоа знаење и горд сум што сум производ на македонското образование. Научив многу кога почнав да патувам низ светот, запознав многу луѓе, неверојатни личности, бев отворен и подготвен за нови знаења. Поради мојата отвореност, станав и духовно богат. Јас сум едноставна личност и тоа ми помага во животот, иако денешниот свет е поинаков и оди во чудни правци“, изјави Трпчевски.

Верувам. додава пијанистот, во чистотата на човечката душа, во природата, отвореноста на изразувањето и моќта на музиката.

„Можам да кажам дека луѓето кои доаѓаат од мали земји и кои имале многу предизвици се поцврсти, знаат како да стигнат до целта. Друг проблем е што владите на овие мали земји не сакаат да одат напред побрзо за да се развиваат, но што е – тука е. Немаме време за чекање, треба да одиме напред и тоа го знаат сите свесни луѓе од која било професија. Горд сум што доаѓам од Македонија и што успеав да го направам сето тоа и одам напред“, вели славниот македонски пијанист Симон Трпчевски во интервју за „Вијести“.