Поштовани соросоиди, не постои моја изјава за силување – еве што вели Латас за Хелсиншкиот комитет

Драган Павловиќ Латас се јави со свој коментар на социјалните мрежи упатен на адреса на Хелсиншкиот комитет, кој денеска реагираше на неговото интервју во подкаст на Стефан Лазаров.

Еве што вели Латас на Фејсбук:

Advertisements

„Поштовани соросоиди што лажно се претставувате под фирма на славниот Хелсиншки комитет кој одамна не постои. Согласно своите стандарди и вредности за лажно претставување на работите и стигматизација на ваши неистомисленици, видено стотици пати досега, и сега сте во истиот фазон.

Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава а замисли се уште не е под ваша контрола. Кој не сака, а бланко верува на овој самонаречен Хелсиншки комитет земал доброволно ризик да заврши со испран мозок, како со нивната шарена револуција која ја предводеа. Да ве потсетам, ова се тие кои поттикнуваат промена на пол, откажување од личен и национален идентитет, бришење на татко и мајка со именување родител еден и два. Ако некој силува во Македонија тоа се ваквите комитети, нашмркани притоа или мамурни, не ги оправдува,  пишува Латас во својата реакција.