Зеленски: Ќе го браниме Бахмут, но не по секоја цена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските војници ќе го бранат Бахмут се додека тоа е разумно.

Зеленски, одговарајќи на прашање на новинар на италијанскиот весник „Кориере дела сера“ за борбите за Бахмут, рече дека е важно вооружените сили на Украина да го бранат тој град, но не „по секоја цена“.

Advertisements

„За нас е важно да го одбраниме, но не по секоја цена и по цена сите да загинат. Ќе се бориме се додека е разумно“, рече Зеленски.

Бахмут е град во регионот Доњецк, на истокот на Украина. Тој е важен сообраќаен центар и е од големо логистичко значење за снабдувањето на украинските војници во Донбас.

Според Зеленски, Русите потоа сакаат да продолжат кон Краматорск и Славјанск, до границите на Донбас и до Днепар, ако можат.

„Ние пружаме отпор, а во меѓувреме го подготвуваме следниот контранапад“, рече тој.

На прашањето дали Украина може да ја издржи долготрајната војна за која се подготвува рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски одговори дека Киев се подготвува за кратка војна и за победа.

„Колку побрзо, толку помалку жртви ќе имаме“, изјави претседателот на Украина.