Утрово почина македонскиот спортис и хуманист Емил Илиќ. Тажна вест ја соопшти неговиот брат
Емил Илиќ е спортистот кој во 2007 година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, издадена од Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија.
Беше познат и по тоа што е првиот човек кој со тренерки и македонско знаме влегол во зградата на НАТО.
Во Рим тој се сретна и со папата Франциск.
Илиќ достоинствено не преставуваше ширум светот и беше добитник на многу награди и признанија.
Во 2016-та година познатиот спортист, хуманист и светски рекордер Емил Илиќ, придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија.