Пациентка почина од сепса по операција во Прилеп – затворени сите хируршки сали во болницата

Во прилепската Општа болница, од денеска, затворени се седумте операциони сали на сите одделенија. Причина, интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“, објави телевизија Алфа повикувајќи се на свои извори.

Четворица пациенти кои претходниве денови биле оперативно лекувани, две на Гинекологија, и по еден на Ортопедија и Хирургија, заради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје, а една од пациентките, пред четири дена и починала.

Advertisements