„Од денес па натака сум можеби сум единствен на балканските простори што помина 11 години неправедно во затвор. Времето никој не може да ми го врати, но ги охрабрувам сите судии да ги земат предвид сите докази, а не да влегува политиката во судниците“, изјави Љубе Бошкоски откако Кривичниот суд го ослободи од обвинение за предметот „Кампања“ за незаконско финансирање на политичката партија „Обединети за Македонија“.
Тој посочи дека ова е негова седма ослободителна пресуда по ред, вклучувајќи ги двете пресуди од Хаг.
„Заврши мојата голгота која трае повеќе од 20 години“, изјави Бошкоски.
Бошкоски најави дека поради приватни причини ќе се повлече од политиката.
„Ова го доживувам како победа на правдата. Моментално ќе се повлечам од политиката поради приватни причини. Се надевам дека можам уште да придонесам за мојата Македонија сега кога знам дека немам никаков багаж зад мене со мојата партија“, додаде тој.