Македонскиот генијалец Македон Димитровски повторно ни донесе победа. Ова осумгодишно момче од Тетово учествуваше на напревар од кој се врати со сребрен медал.
Убавата вест ја соопшти неговиот татко Владимир Димитровски на социјалните мрежи и доби многу честитки од неговите пријатели на Фексбук.
Македон учествувал на натпреварот „Математика без граници“ на кој имало вкупно 4.142 учесници од 24 земји.
Малиот генијалец зборува неколку јазици и тоа германски, арапски, кинески и англиски. Претходно се закити и со златен медал на светско ниво на натпревар по математика кој броел околу 4.000 натпреварувачи. Иако е на возраст од осум години тој може да решава задачи кои се наменети за средношколци.