Призма -Министерството на Груби исплаќало дебели хонорари и има 4 пати поголем буџет од Антикорупциска

Министерството за политички систем на Артан Груби годинава има буџет од 4 милиони и 300 илјади евра или 4 пати повеќе пари од касата на Антикорупциска комисија и Финансова полиција, објави Призма во истражување со наслов „Скриени хонорари во министерството на Артан Груби“.

Според пишувањата на „Призма“ тимот годинава Груби го зголемил за уште 69 ново вработени.

„Таму работат над 350 луѓе, а за годинава, според државниот Буџет, се проектирани дополнителни вработувања. Но, веројатно оваа мала „армија“ луѓе не била доволна, па лани биле ангажирани уште, а за тоа биле исплатени 160 илјади евра. Сепак, кој и за што бил ангажиран дополнително во Министерството останува тајна, бидејќи сите обиди на БИРН да добие податоци за дополнителните ангажмани останаа безуспешни“, пишува Призма.

Advertisements

Новинарот на ова истражување потсетува и дека уште од самите почетоци се отвори јавна дебата дали на државата воопшто ѝ треба Министерство за политички систем, бидејќи има прешироки цели на неговата работа.

„Во Буџетот за 2023 година пишува дека главните функции на ова најново Министерство му се „обезбедување координација и усогласување на работата на државната управа за спроведување на Рамковниот договор“, но на сајтот на Министерството, како што пишува „Призма“ освен пиар-активностите на вицепремиерот, нема речиси ништо.

Ниту извештаи за јавни набавки, ниту оние 21 документ што се обврзани да бидат објавени на интернет-страниците на државните институции.