По денешната прес конференција на директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска Грашковска, на која отсутвуваше вториот директор Фатон Ахмети, поради патување во САД, тој се огласи со објава на својот Фејсбук профил, во која го објаснува своето отсуство од институцијата додека беше изложена на хакерски напад.
„Како последица на многубројните дезинформации и со цел правилно информирање на јавноста, принуден сум да објаснам едно прашање. Престојувам во САД, на покана на Стејт департментот на САД, на програмата IVLP. Патувањето е планирано пред неколку месеци. Не сум на годишен одмор во САД! За коректност кон институцијата во која дејствувам, го користам годишниот одмор а не можноста за службено патување. Мојот престој во САД е целосно финансиран од Стејт департаментот на САД. Ниту еден денар не е потрошен од државниот буџет! Во тек на целиот престој бев во контакт и синхронизиран за дејствувањата со колегите од ФЗО“, се вели во објавата на Фатон Ахмети.