На денешната седница за реконструкција на Владата во Собранието дојде до вербален судир помеѓу претседателот Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Причината за караницата и меѓусебните навреди е синот на Џафери, кој без положен правосуден испит се запишал на Академијата за обвинители.
На ова реагираше Џафери, по што дојде до караница и меѓусебни навреди.
„Игор Јанушев, на синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогириан“, рече Џафери.
„Вест читав! Ако имаш нешто да ми кажеш излези да реплицираш“, рече Јанушев, на што Џафери му возврати: „Оди таму, не ми читај мене вести, оди таму“.
Џафери му рече да го напушти пултот.
„Ти нема да ми кажеш кај ќе идaм“, рече Јанушев.
Џафери возврати: „Оди си оттука“.
„Не си дома, јави ми се на реплика па кажи…“, му рече Јанушев на Џафери.
Џафери продолжи со расправијата: „Ти ако имаш проблем со судница, со мојот син немаш. Ако имаш работа со мојот син излези со него да се видиш“.
Расправијата започнува од 34 минута на следното видео: