Скандал во ФИБА: Објавија лажно интервју со идниот прв пик на НБА, кошаркарот шокиран!

Светската куќа на кошарката ФИБА направи голем кикс и вчера доживеа тежок удар.

На официјалната веб-страница на оваа организација се појави наводно интервју со идниот прв пик на НБА драфтот од Франција, талентираниот Виктор Вембањам, кое подоцна се покажа дека е – лажно?!, пишува Телеграф.

Advertisements

Во бизарен пресврт на настаните, ФИБА на својата веб-страница објави текст со наслов „Ексклузивно интервју, Виктор Вембањама: Последниот прозорец е многу важен“, кој стоеше на веб-страницата неколку дена, пред самиот играч да открие дека нешто не е во ред, пишува Телеграф.

Едноставно се дозна дека  новинарот кој го објави ова интервју на официјалната веб-страница целосно го измислил!

„Пред четири дена ФИБА објави лажно интервју со мене… Што по ѓаволите се случува?“ – напиша Вембањама на својот Инстаграм профил.

Многу брзо проговори и ФИБА, која појасни дека навистина се работи за лажно интервју, му се извини на младиот кошаркар и посочи дека новинарот кој го направил наводното интервју бил веднаш отпуштен.