(ВИДЕО) Снимка која ја смрзнува крвта: Алигатор напаѓа и убива жена

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога алигатор од 3,3 метри напаѓа жена која го шета своето куче покрај езеро.

Застрашувачката снимка снимена е со камера за диви животни и покажува како алигатор брзо излегува од езеро пред една жена да биде одвлечена во смрт во Флорида, САД.

Advertisements

На видеото се слуша како една од сосетките избезумено се јавува на 911 додека се обидува да и помогне на жената, но веќе било доцна.

85-годишната Глорија Серж се обидела да го спаси своето сакано куче од рептилот.

Кучето за среќа го преживеало нападот, а алигаторот подоцна бил фатен и евтаназиран.