Двајца пиротехничари загинаа вчера околу 13.15 часот во експлозија на мина во минско поле кај Чанко, во општината Плитвичка еезера, Хрватска. На местото на експлозијата загинала пиротехничарката Јосипа Бошковиќ (35) од Пожега, а пиротехничарот Игор Кирин (44) од Питомача во амбулантата.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека во тек е истрага за околностите на смртта, пишува Индекс.хр.
„Округот Лика, со оглед на природата на војната е еден од најзагадените окрузи и затоа поради природата на теренот, работата на пиротехничарите е најтешка“, оцени Божиновиќ.
Тој изрази сочувство до семејствата на 35-годишната пиротехничарка и 44-годишниот пиротехничар, кои загинаа во Чанко при деминирање на минско поле, потсетувајќи дека деминирањето во Хрватска е започнато во 14 жупании.
„Не сум баш свесна дека тоа е вистина, дека навистина се случило. Се уште не можам да се помирам со тоа“, изјавила мајката на Јосипа за „Јутарњи“.
„Сестра и на својот Фејсбук напишала стих од песната „Каде си, што те нема“… Боже, како да претчувствувала, а Јосипа и се јавила да ја праша што се случува, па двете тогаш разговарале “, рекла мајката, пренесува хрватскиот портал Индекс.
Јосипа во младоста играла ракомет, а подоцна, работела и како продавачка. Пред 2-3 години почнала да работи како пиротехничарка.