(ВИДЕО) Каде живее Зеленски од почетокот на војната?

Јас живеам овде, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на телевизиските новинари на кои им го покажа привременото сместување во кое вели дека живее од почетокот на војната, објави ДПА.

Зеленски во документарец кој  беше емитуван на украинска телевизија рече дека живеел на тоа место и кога почна руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Advertisements

Украинскиот претседател на камерманите им го покажува и својот плакар. Таму се обесени маслинесто зелени и маскирни јакни, а на подот има војнички чизми.

Ова е мојата „обична облека“, рече Зеленски. „Во моментов не носам одела“, додаде тој.

Меѓутоа, Зеленски потоа извади костим од левиот агол на плакарот.

„Тоа е симбол дека војната наскоро ќе заврши, ќе победиме“, рече Зеленски.