(ВИДЕО) Нов силен земјотрес во Турција – згради се уриваат, луѓето во паника излегуваат на улиците

Нов силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил во областа Малатија, која речиси е уништена од разорните земјотреси што ја погодија оваа земја на 6 февруари.

На социјалните мрежи почнаа да се објавуваат видеа за кои се тврди дека прикажуваат моменти од последниот во серијата земјотреси во Турција.

Advertisements

На едно од видеата се гледаат луѓе кои излегле на улица со цел да се заштитат од потенцијално уривање на згради, а владее општа паника.

Во овој момент не се знае дали има повредени во последниот земјотрес, а тлото се затресе во Кахраманмарас и Адијаман.

Како што се наведува во првото соопштение на АФАД, за време на земјотресот се урнале одредени згради.

По земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што се случи во областа Јешиљурт во Малатија, беше откриено дека има уништени згради како резултат на теренско скенирање, а екипите за пребарување и спасување беа брзо испратени во регионот и почнаа со работа, се вели во првата изјава. на АФАД, пренесе турската ДХА.

Да потсетиме дека во разорните земјотреси што ги погодија Турција и соседна Сирија на 6 февруари, загинаа повеќе од 50.000 луѓе.