Државната компанија АД Електрани на Северна Македонија(ЕСМ) информира дека има обезбедено природен гас од Макптерол пром-гас, како и топлинска енергија од ТЕ-ТО, со што потребите за загревање на граѓаните на Скопје за месец декември ќе бидат задоволени.
„АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови“, се вели во соопштението на државната компанија.
Од АД ЕСМ, воедно, ги демантираат објавите на ТВ Телма дека компанијата има на резерва гас во колични кои се доволни за еден ден.
„Ги демантираме написите на ТВ Телма дека гас има за еден ден. Редакцијата пред два доби одговор од АД ЕСМ дека компанијата располага и со гас и со средства за набавка на гас и дека нема никакви проблеми околу испораката на греење за Скопје во следниот период“, соопшти АД ЕСМ.