Српскиот портал Телеграф објави тажна приказна за злоставувано куче која може да ве вознемири, но истовремено да разбуди и надеж дека сепак овој свет го крепат хумани луѓе.
Во продолжение ви ја пренесуваме оваа тажна, но и прекрасна приказна за луѓе со душа кои направија хумано дело со среќен крај.
Александар Станојловиќ Баџес и Катарина Беловуковиќ спасиле млада белгиска овчарка од сигурна смрт. Кога го пронашле кучето во градот Табановиќ, не можеле да поверуваат дека насилниците можат да бидат толку бесчувствителни и монструозни во злоупотреба на невини животни.
„Кога го виде кучето во напуштена куќа, Катарина прво помисли дека случајно му се заглавила главата во пластичен балон, па ме повика да му помогнам. Заминав, но тоа побегна кога не виде. Меѓутоа, видов дека балонот е пробиен и врзан околу главата на кучето со конец за да не може да го извади. Следниот ден го барав кучето по полињата и шумите, но безуспешно и дури третиот ден заедно со Катарина успеав да го најдам и да го фатам – раскажува Александар за Телеграф.рс и додава дека никогаш нема да ја заборави тагата во очите на кучето, откако му ја ослободи главата и го погалил.
Ветеринарот го прегледал изгладнето и изнемоштено куче и му препишал терапија за лекување на срцевата болест која ја открил, а со дневна доза антибиотици и витамински коктели кучето сега се опоравува во азилот на Александар „Меда“, каде тој се грижи за повеќе од 200 напуштени кучиња.