(ФОТО) Три дена се трага по внукот на Љубе Бошковски – излегол од дома и не се вратил

На социјалните мрежи се шири апел за пронаоѓање на Самоил Костадиновски, кој бил внук на политичарот Љубе Бошковски, објави порталот ММС.

Од ММС стапиле во контакт со семејството Бошковски, за потврда на информацијата. Сопругата на Бошковски, Виолета, ја потврдила информацијата и рекла дека тоа е нејзин внук од брат.

Бошковска во изјава за порталот открива дека нејзиниот внук има 26 години и веќе четири дена го нема, наводно, откако излегол од дома се упатил кон Кисела Вода или Драчево, па завршил кај чешката амбасада.

Advertisements

„Некој човек, кај што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имале тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен, вели Бошковска и додава дека семејството не знае која е причината, односно тој дома не зборувал дека имал некакви проблеми.

Од ММС се обратиле до МВР, од каде добиле потврда за исчезнувањето на Костадиновки, кое било пријавено од страна на неговиот брат на 4 март во 8 часот наутро.

На социјалните мрежи се споделува апел за помош за потрага по Костадиновски, според објавата, неговото киднапирање се случило пред чешката амбасада, воедно информирајќи дека неговото возило било пронајдено.