Градските советници во Скопје не ја изгласаа иницијативата на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), граѓаните што имаат миленици со нив да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“.
Во јавниот превоз, според советниците нема услови за возење на граѓаните, а не пак за домашни миленици.
Според советникот Страшо Ангеловски сега во автобусите нема место за граѓаните, секојдневно сме сведоци за гужви во возилата.
„Мој пријател дома чува мало прленце, за него тоа е миленик, дали тоа значи дека ќе може да го качи во автобус. Колкаво куче ќе може да се качи, дали ќе може и кане корсо да се вози или само мали кучиња. Ако е така нели е тоа дискриминација. Ова прашање мора убаво да се разгледа, да се земат предвид сите околности“, рече Ангеловски.
Драгана Велковска од „Зелен хуман град“ му реплицираше дека магаре не се чува во стан, па оттаму не е домашен миленик.
„Во одлуката стои дека миленикот треба да е во транспортер тоа значи дека не може да биде потежок од 15 килограми. Треба да почнеме од некаде, па потоа ќе зборуваме и за поголеми кучиња. Градот вчера распиша оглас за приватните превозници пак да се вклучат во јавниот превоз со што проблемот би се решил“, рече Велковска.
Сепак и покрај заложбите на активистите мнозинството ја прифати иницијативата.