Осум лица загинаа во четвртокот вечерта во пукање во центарот на Јеховините сведоци во Хамбург. Меѓу убиените има и осомничен за нападот, соопшти германската полиција, за првпат објавувајќи го бројот на загинатите.
Напаѓачот пукал во „учесниците на настанот“ организиран од таа заедница, соопшти полицијата, додавајќи дека повеќе луѓе се повредени, а „некои сериозно“.
Полицијата го истражува мотивот на напаѓачот за кого не се познати повеќе детали.
Весникот Шпигел објави дека се верува дека и напаѓачот бил член на Јеховини сведоци.
Тој, повикувајќи се на неименувани извори, додава дека имал меѓу 30 и 40 години и дека претходно не и бил познат на полицијата како екстремист.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди „бруталниот чин на насилство“ на состанокот на Јеховините сведоци во Хамбург, во кој беа убиени неколку луѓе. Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер рече дека е „потресена од ужасниот чин на насилство во заедницата на Јеховините сведоци во Хамбург“.
Во соопштението на својата веб-страница, Јеховините сведоци напишаа дека собранието е „длабоко погодено од ужасниот напад врз неговите верници во Салата на Царството во Хамбург по службата“.
Several people died in a shooting at a place of worship used by Jehovah’s Witnesses in Hamburg, Germany https://t.co/EAz5xMUxeU pic.twitter.com/XiVwNaoKbn
— Reuters (@Reuters) March 10, 2023