Иванка Василевска: Од првиот момент со душа и со срце сум на ставот дека Уставобранителите се невини

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, инаку позната по тоа што жестоко бара ослободување од затвор за осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017, не присуствуваше на седницата и беше меѓу оние пратеници на опозицијата кои не го дадоа својот глас за потребата да се донесат предложените законски измени за амнестија.

Василевска на Фејсбук порача дека од лични причини не можела да присуствува на вчерашната седница на која не помина потребата за брзо носење на ова законско решение предложено од одбраната на осудените.

„Од првиот момент со душа и со срце сум на ставот дека уставобранителите се невини. Жалам што владејачкото мнозинство немаше капацитет и волја да ја исправи неправдата кон луѓето кои невини скапуваат шест години во затворите.

Advertisements

Изјавувам дека не присуствував на вчерашната седница поради лични причини кои на јавноста не сакам да ги елаборирам, моето име стои потпишано на предлог законот и до крај ќе бидам на ставот дека овие луѓе се неправедно осудени и ќе се борам да добијат правда!“, напиша таа на Фејсбук.