Во Специјалното одделение за борба против корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград, е сослушана Ј.Б. поради сомнение дека проневерила пари од две компании кои ѝ биле доверени за работа, па така осомничената за себе присвоила 55,9 милиони динари и ги оштетила двете фирми.
На рочиштето, осомничената се бранела со молчење, односно го искористила законското право да не изнесе одбрана.
Обвинителството по сослушувањето му предложи на судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничената да ѝ одреди притвор, а судијата тој предлог го прифати.
Неофицијално, како што дознава Телеграф, незаконските трансакции обвинетата ги криела со фалсификување на платежни извештаи, а најголем дел од парите ги потрошила на онлајн обложување.
Проверките откриле дека таа извршила уплати за онлајн обложување во обложувалница, на сметка отворена на нејзино име, а во наведениот период потрошила вкупно 53.719.649 динари.
Ј.Б се товари за продолжено кривично дело проневера при вршење на стопанска дејност за кое е предвидена казна затвор од 2 до 12 години.
Таа е осомничена дека како административна работничка задолжена за плаќање на обврските на две фирми преку платформата за електронско плаќање преку УСБ-картичка – електронска потврда за одобрение за плаќање, од 18.02.2022 до 06.02.2023 година ги присвоила парите што ѝ биле доверени преку работата.
При плаќањето Ј.Б. како што се сомнева, неоправдано вршела уплати од сметките на фирмиte на нејзините две банкарски сметки, па во наведениот период си префрлила вкупен износ од 55.940.298,00 динари, преку вкупно 162 парични трансакции, на штета на компаниите.