Новата АТП листа донесе промена на врвот, па Новак Ѓоковиќ од овој понеделник е вториот тенисер во светот, додека Карлос Алкараз уште еднаш успеа да дојде до првото место по освојувањето на Мастерсот во Индијан Велс, јави утрово Телеграф.
Алкараз сега има 7.420 поени, а по него е Новак кој остана на своите 7.160 поени поради неможноста да учествува на натпреварите во Соединетите Американски Држави.
Ситуацијата со пласманот би можела да се подобри по претстојниот Мајами, бидејќи Алкараз на Флорида ја брани титулата и 1.000 бодови.
Стефанос Циципас и Каспер Руд, кои ги заземаат третата и четвртата позиција, а потоа следуваат Феликс Огер Алијасим, Андреј Рубљов, Холгер Руне, Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц, кои ја комплетираат Топ 10.
Алехандро Давидович Фокина (25-ти во светот), Бен Шелтон (39-ти во светот) и Барнабе Запата Миралас (41-ви во светот) го постигнаа својот најдобар пласман во кариерата меѓу најдобрите 50 играчи.
Кај српските тенисери на 35. позиција е Миомир Кечмановиќ, а зад него се Ласло Џере (58), Душан Лајовиќ (76), Филип Краиновиќ (77)…