(ВИДЕО) Али Ахмети во дует запеа патриотска песна пред вечерашниот митинг на ДУИ во Чаир

Лидерот на ДУИ Али Ахмети повторно се распеа. Првиот вицепремиер Артан Груби на Фејсбук објави ново видео на кое Ахмети во друштво на познатиот косовски пејач Илир Шаќири, пеат патриотска песна. Груби под објавата напиша „Нацијата е прва меѓу нас вечерва. Заедно за ЕУ“.

Претходно Груби на својот фејсбук профил го најави присуството на Ахмети на митингот на ДУИ закажан за денеска во Чаир.

Тој напиша дека сите чаирчани се на нозе и зборувале дека тој доаѓа и ќе оделе да го слушнат неговото обраќање.

Advertisements

„Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите“, напиша Груби.

Овој митинг доаѓа во време на длабоки поделби во ДУИ, најизразени токму во Чаир.