Партијата Левица со 2.400 амандмани го блокираше зголемувањето на платите на судиите затоа што смета дека со 4 отсто доверба судството не ги заслужува ни тие плати што сега ги зема.
Пратениците на Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, пред отпочнувањето на денешната 54 седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците (20 март 2023), поднесоа вкупно 2.400 амандмани на Предлог-законите за изменување на Законот за плати на судии и на Законот за плати на членовите на Судскиот совет на РМ, кои беа предложени од Владата, т.е. Министерсвото за правда – по скратена постапка.
Реакцијата на Левица во продолжение.
„УСТАВЕН суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
УПРАВЕН суд се прогласува ненедлежен за одлуки на Собранието.
ОСНОВЕН суд се прогласува ненадлежен за одлуки на Собранието.
ЛЕВИЦА прогласува дека законите за повисоки плати на судиите ќе поминат на Куково лето
Сметаме дека со огромната и ноторна недоверба на граѓаните кон корумпираниот судски систем, со престорување на правосудството во фамилијарна професија заробена во стегите на непотизмот, класните привилегии и кронизмот – платите на судиите се НАЈМАЛИОТ ПРОБЛЕМ во реформата на судскиот систем, која треба да биде радикална.
Advertisements
Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неоговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавби обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл.) – нема да дозволиме зголемување на бенефициите на оваа лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем“, вели Левица.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН: Или тројно повисоки дневници или никој да не работи!
Кузеска: Антикорупциска да ја повлече одлуката за директорот на АНБ, скандалозна е!
Се зголемува број на заболени од грип во Македонија
Нова истражувачка опрема во Лабораторијата за радијациона физика при ФЕИТ
(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ од спасувачката мисија на Плитвичките езера