Лажна вест е дека дека киднапер се движи околу средното музичко училиште во Скопје

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје.

„Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период. Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него“, велат од МВР.

Оттаму апелира граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги.

Advertisements