Уставни измени под бугарски диктат нема да има, овој пратенички состав нема мандат добиен од граѓаните да учествува во таков процес. Оваа порака денеска ѝја соопштил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на германската министерка за надворешни работи Анелина Бербок на средба во германската резиденција во Скопје, информира ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски беше дециден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се впушта во таков процес кој го наметнува власта која пак на тоа гледа како начин да купи време и да се амнестира за криминалот кој се прави на дневно ниво. Потребни се реални реформи и придвижување на патот кон ЕУ, а не декларативна заложба како што прави власта, посочил Мицкоски, информира ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.
На средбата учествувале и потпретседателите Александар Николоски, Гордана Кочоска Димитриевска и Тимчо Муцунски, како и членот на ИК Антонијо Милошоски.