Утринава се случи инцидент на аеродромот во Келн, Германија, кога маж намерно со автомобил удри во пешаци на паркинг.
Како што објавија германските медиуми, се работи за психијатриски пациент (57).
Според првите информации неколку лица се повредени.
Advertisements
Полицијата соопшти дека пешаците најмногу се здобиле со полесни повреди, пишува Билд.
„Сторителот постојано се движел околу паркингот, со изнајмено комбе удрил во неколку возила“, соопштија од полицијата.
При апсењето пружил отпор. Во инцидентот повредени се и двајца полицајци.
Напаѓачот бил пренесен во болница за да се утврди неговата психичка состојба.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ од спасувачката мисија на Плитвичките езера
МОЌНИЦИТЕ во светот не можат да поднесат Србија да биде водечка сила во регионот - Вучиќ з...
Професорот Богојески ја повика Владата брзо и решително да ги заштити граѓаните и да го ст...
Трамп предупреди: ЕУ ќе се соочи со царини, мора да купува повеќе нафта и гас
Тошковски: И Васко Ковачевски е бегалец како Груби, ако се чесни ќе се вратеа