Заедно со брат ми ги одведов децата во кино во Тузла и бевме изненадени од содржината на анимираниот филм „Чудесен свет“ бидејќи никаде во најавата не пишува дека пропагира хомосексуалност. Јас, како и другите родители во кино салата, беа шокирани затоа што гледаме дека и на овој начин ги уриваат сите семејни вредности, а ни велат дека две момчиња геј се општо прифатена појава.
Оваа изјава на родител од Тузла сведочи за реакцијата што ја предизвикува најновиот хит на Дизни кој се прикажува во кината низ Босна и Херцеговина, а претходно и во Србија.
Станува збор за анимиран филм со наслов „Чудесен свет“. Родителите кои го гледале филмот реагираат затоа што главниот лик на филмот е хомосексуалец.
Родителите на деца од Тузла, но и од Сараево, ја контактирале редакцијата на порталот Klix.ba, кој ја објави оваа приказна и го критикувале анимираниот филм. Продукцијата, пак, од своја страна тврди дека станува збор за оригинална семејна акциона авантура од студиото за анимација „Волт Дизни“.
Сепак, според родителите кои се јавиле во редакцијата на порталот, особено им пречело тоа што никаде не било наведено дека главниот лик на филмот е хомосексуалец.