Бил во затвор повеќе од 25 години, а сега добива отштета од 18 милиони долари!

Адвокатите на Џони Хинкапи (50), човек кој беше ослободен во 2015 година откако помина повеќе од 25 години во затвор за убиство на турист, објавија дека постигнале спогодба со градот и државата Њујорк, според која тој ќе добие оштета од околу 18 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Тие рекоа дека тоа е една од најголемите награди за погрешна пресуда во историјата на Њујорк.

Advertisements

Хинкапи, роден во Колумбија, беше меѓу групата млади обвинети дека го прободеле туристот од Јута, Брајан Воткинс на платформата на метро станицата во 1990 година. Тогаш тој имал 18 години и немал криминално досие и изјавил дека бил принуден лажно да признае дека сторил кривично дело.

Иако го повлече своето признание, без оглед на ослободителните докази, Хинкапи беше осуден и одлежа 25 години, три месеци и осум дена пред да биде поништена неговата пресуда.

Според спогодбата, градот на Хинкапи ќе му плати 12,8 милиони долари, а државата 4,8 милиони долари.