Зеленски: Ако го изгубиме Бахмут, ќе се бара од Украина да направи компромис со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ако Украина не ја добие битката за Бахмут, Русија би можела да започне да бара меѓународна поддршка за договор кој ќе бара од Украина да направи „неприфатливи компромиси“.

„Ако Бахмут падне во рацете на руските сили, Владимир Путин ќе ја продаде таа победа на Западот, на својот народ, на Кина, на Иран“, рече Зеленски во интервју за Асошиејтед прес.

Тој разговараше со новинарите на АП во воз што минуваше низ областите ослободени од руските сили. Украина успеа да го задржи главниот град Киев и да ја истисне Русија од другите стратешки важни области, јавува Гласот на Америка (ВОА).

Advertisements

Зеленски, исто така, е свесен дека успехот на неговата земја во голема мера се должи на меѓународната воена поддршка, особено од САД и Западна Европа.

„САД навистина разбираат дека ако престанат да ни помагаат, нема да победиме“, рече тој во интервјуто.