Пациент почина во тетовската болница – „падна во кома и ниту еден лекар не излезе да ни помогне“

Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера навечер починал во ходник на тетовската болница, затоа што не добил помош од лекарите, објави порталот на албански јазик Тетова сот.

Станува збор за шеесет годишен маж од тетовското село Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот.

„Долу чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час“, изјави еден од членовите на семејството, за Тетова сот.

Advertisements