Денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А., постапувајќи по пријава од вчера, примена во 21:00 часот од страна на вработена во СОС Детско село на подрачјето на Гази Баба, соопштуваат од МВР.
Според пријавата, тој и женско лице А.З. од кругот на установата земале малолетничка, лице со здравствени проблеми.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, Г.А. бил пронајден, приведен и задржан, додека за А.З. е распишан централен распис, а малолетничката е вратена во установата.
Известен е Центарот за социјални работи Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.