ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисoв е партијата која доби најголем број гласови од бугарските граѓани кои гласаа во Македонија на вчерашните избори, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК).
Од вкупно 453 гласачи кои гласаа на седумте избирачки места што беа отворени на територијата на земјава, ГЕРБ добиле 143 гласа, 127 гласачи гласале за коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, 35 гласа добиле ДПС, 33 гласа добила партијата Преродба, 14 за БСП, а 10 гласа за Има таков народ.
Според објавените резултати, 15 од гласачите претпочитале да гласаат со „не поддржувам никого“, а имало и 35 неважечки ливчиња.
Колку за споредба на последните избори во октомври 2022 година, гласале 461 македонски Бугарин.