(ВИДЕО) Емотивна средба по 54 дена: Бебето кое беше спасено од урнатините во Турција, повторно е со својата мајка

Три и пол месечно бебе, кое беше спасено во Хатај и извлечено од урнатините 128 часа по страотниот земјотрес во Турција, повторно е со својата мајка.

Јасемин Бегдаш, мајката на бебето, која медицинските сестри ја нарекле „Мистерија“, исто така е спасена, додека нејзиниот татко и двајцата браќа загинале во страшниот земјотрес. Бебето Гизем е пренесено во градската болница во Адана откако било извлечено од урнатините.

Детето, кое подоцна беше донесено во Анкара со претседателскиот авион, ја помина контролата во Градската болница Етлик, каде што е констатирано дека нема здравствени проблеми и по што беше институционално згрижено.

Advertisements

Оваа сабота, 54 дена по земјотресот бебето конечно е со својата мајка. Министерката за семејство и социјални прашања, Дерја Јаник објави фотографии од емотивната средба на мајка и ќерка.

Утврдено е дека примерокот од ДНК земен од семејството и бебето е компатибилен.  Бебето Гизем со приватен авион од Анкара е однесено во Адана, каде министерката го пречека бебето, а потоа и го предаде на мајката Јасемин Бегдаш, која се наоѓа на лекување во градската болница во Адана.

Според медиумите, се покажало дека жената, за која претходно беше прогласена за мртва, е хоспитализирана во друга болница.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од емотивната средба меѓу мајката и детето. На нив се гледа жена како го држи и го бакнува своето бебе на болнички кревет.