Спасовски потпишал да се затвори „Виа комерц“ дури по несреќата во Бугарија во која загинаа 45 граѓани, тврди Русковска

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска во вечерашното интервју во Топ Тема рече дека имала притисоци во однос на предметот за Драги Рашковски, обвинетиот поранешен генерален секретар на Владата, но откри и дека останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази.

Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса Транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.

„Решението требал да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, вели Русоковска.

Advertisements

Таа додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.

Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение, вели обвинителката.