НАСА ја избра првата жена што ќе лета на Месечината во мисијата Артемида

НАСА и Канадската вселенска агенција ги објавија имињата на четворицата астронаути кои следната година ќе патуваат на вселенски лет околу Месечината.

Групата, како што пишуваат американските медиуми, ќе лета со вселенското летало Орион како дел од програмата Артемида, чија цел е да ги врати астронаутите на површината на Месечината за прв пат по повеќе од 50 години.

Екипажот од четири лица ќе ги вклучува астронаутите на НАСА Кристина Хамок Кох, Виктор Гловер и Рид Вајсман, како и канадскиот астронаут Џереми Хансен.

Advertisements

Американската вселенска агенција за прв пат за лунарна мисија избра жена и Афроамериканец за астронаути како дел од четиричлениот тим.

Кристина Кох е астронаут од Северна Каролина која веќе го држи рекордот за најдолг континуиран лет на жена во вселената, а ќе учествува во Артемида II, а мисијата ќе ја води Виктор Гловер, припадник на американската морнарица.

Екипажот беше претставен на прес-конференција во Хјустон во вселенскиот центар Џонсон, базата за управување со мисијата на НАСА.

Гловер, кој учествуваше во вториот лет на капсулата Crew Dragon на SpaceX, ќе стане првиот афроамерикански астронаут некогаш испратен на лунарна мисија.

Останатите двајца членови на екипажот Џереми Хансен е првиот Канаѓанец избран да лета на Месечината и Рид Вајсман, ветеран на Меѓународната вселенска станица, кој е именуван за командант на мисијата Артемида II.

Артемида II ќе биде првиот лет со екипаж, но не и првото слетување на Месечината, од програмата за наследник на Аполо, која има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината до крајот на оваа деценија и да воспостави одржлива станица таму, која ќе биде отскочна даска за идните истражувања на Марс.